Насловна / Вести / Реакција на Општина Аеродром: Интензивно расчистуваме мини-депонии

Реакција на Општина Аеродром: Интензивно расчистуваме мини-депонии

До нашата Редакција дојде реакција од Одделението за јавност на Општина Аеродром во врска со напис објавен на нашиот портал. Во него се вели:

Во текстот „Ново Лисиче-нов парк, но и нова депонија“ што е објавен на Вашиот портал се тврди дека „засега нема активност за решавање на проблемот“ за дивата депонија што несовесни граѓани ја формираат веќе подолг период. За Ваша информација, оваа констатација е сосема неточна, бидејќи екипи на Општина Аеродром во текот на јули интензивно работат на расчистување на мини-депонии низ целата територија на општината, особено на оваа локација што ја посочувате кај последна 5 и 15. Доказ за тоа се и фотографиите што Ви ги праќаме во прилог. Бараме да го објавите овој демант на истиот портал каде што е објавена и првичната информација и притоа апелираме до несовесните граѓани да престанат да фрлаат шут и друг вид отпад на јавни површини, затоа што ќе следуваат ригорозни казни.“

IMG_0041

Одговор од Редакцијата:

Нашата цел беше да ја дадеме сегашната слика во тој дел од населбата. Објавените фотографии се од пред некој ден, а оваа што денес е објавуваме е снимена веднаш по вашата реакција. Потенцијалната нова депонија останува и натаму предизвик за несовесните граѓани., но и за Општината.

image-0-02-04-0ec0c0529d9f990e0fc8dd2281f8bfab4375d45de5597656d5b16c8486fee02f-V (1)

 

Испрати коментар

Scroll To Top