Пред архитектот Пако Радовановиќ од „Радо Инженеринг“, поставена е задача да се редизајнира стан од 180 метри квадратни на четвртиот кат во зградата на комплексот „Соравија Ресорт“ на падините на Водно.
Предложен е принцип на реафирмација на системски вредности на еден стан. Како системски принцип може да се спроведе обликуван проблем, функционален, културолошки и финансиски зафат, при што претходно утврдените вредности мора да се почитуваат.
Постапката на утврдување на нови вредности, секако, не смее да ги оспорува постојните.
Во функционална кореспонденција се вкрстуваат комодата од почетокот на 20 век со столицата Costes chair од Philippe Starck, персискиот тепих со ламбата Moooi на Jurgen Bay – стара ламба изработена во нова обвивка, работната соба од времето помеѓу двете светски војни со најнови компјутерски инсталации, дела од колекција на современа романска уметност и на слики од современи македонски автори.
Практично, внатре во самиот простор се среќаваат високовредни и квалитетни материјали, махагон дрво-под и ѕидни дрвени облоги и елементи со интарзија, мермер nero marquinq на трпезариска маса и како дел од ѕидна облога.
Со примена на движење како динамички аспект, се чувствува желбата на инвеститорот, просторот да добие личен автентичен израз кој во себе инкорпорира и елементи на сеќавање.
Во наведениот концепт на слободен план, просторот се обликува на начин да го изрази просторното согледување со движење низ самиот простор, при што се постигнува единствен впечаток на целосност со динамично определување за „мој простор“.
Изработи: „Радо Инженеринг“