Насловна / Архитектура / Развој на самоодржливите градови во Италија

Развој на самоодржливите градови во Италија

Предлогот за мастерплан за италијанскиот град Città della Scienza, проектиран од архитектонското студио Vincent Callebaut Architectures, содржи голем број на аспекти за самоодржливост со цел да се предложи самодоволен урбан екосистем во Италија. Работејќи по принципот на „живи фасади“, архитектите ја ревитализираат заборавената воена област во италијанскиот град во динамична и саморегенеративна област.

само-одржлив-град-1

само-одржлив-град-2

само-одржлив-град-3

Преземајќи насоки од преостанатите аспекти на оваа воена област, урбаниот екосистем прераснува во постојна инфраструктура која е во чекор со современиот живот. Во празните простори од овој дел на градот се внесуваат нови програми, а објектите се трансформираат во разновидни простори за живеење. Постојните патеки прераснуваат во употреблива улична мрежа со вметнување на јавни активности.

само-одржлив-град-4

само-одржлив-град-5

Со цел да се задржи рамнотежата помеѓу јавниот и приватниот простор, градот компензира преку своите функции. Иако и комерцијалните и резиденцијалните активности го дефинираат својот периметар во градот, резиденцијалните делови ја задржуваат својата интимност преку одалечување од комерцијалните делови и окупирајќи ја спротивната страна. Секој од објектите дополнително ја истражува идејата за јавен-приватен простор преку поставување на овоштарници на крововите на зградите, со што се обезбедува елемент на изолација.

само-одржлив-град-6

само-одржлив-град-7

Широката употреба на дрвја не само што обезбедува самоодржливост, туку и ги разубавува објектите. Овие комунални градини им обезбедуваат на жителите самообновливи извори на храна. Покрај тоа, овие овоштарници обезбедуваат дополнителни енвиронменталистички бенефиции, вклучувајќи CO2 филтрација и отстранување на штетните честички за поздрава околина.само-одржлив-град-8

само-одржлив-град-9

Останатите одржливи аспекти се одржуваат и преку останатите пасивни стратегии и технологијата. Едноставни чекори како што се дневна светлина, задржување на дождовницата и рецеклирачкиот систем вршат значајно влијание врз обновувањето на ресурсите. Други одржливи апекти се постигнати преку фотонапонското производство на електрична енергија, хибридизираниот систем на осветлување со интегрирани турбини за ветер и производството на топла вода преку соларни системи. Исто така, автомобилите се чуваат надвор од делот за живеење, односно обезбедено е подземно паркирање со цел намалување на штетните гасови.

само-одржлив-град-10

само-одржлив-град-11

 

Испрати коментар

Scroll To Top