Како што јавија светските агенции утрово централниот дел од Италија бил погоден од разорен земјотрес. Се јавува за 21 загинати, и над 100 исчезнати лица. Земјотресот беше со 6 степени по Рихтер и се случи во 3.38 часот утрово. Земјотресот се чувствувал во средна Италија од Римини до Наполи. Епицентарот е во Акумоли.
Градоначалникот на Аматриче изјави дека силниот земјотрес го срамнил половина од градот. Во него живеат околу 2.700 луѓе. Според зборовите на градоначалникот Серджио Пироци, под урнатините на зградите има уште затрупани луѓе.