Насловна / Архитектура / Разиграноста и спонтаноста на најмладите инспирација за оваа градинка

Разиграноста и спонтаноста на најмладите инспирација за оваа градинка

Интензивни бои и закосени форми ја карактеризираат  новата  предучилишна установа во чешкото место на Ричани, едно од поголемите предградија на Прага, за која проектот го потпишува бирото „Архитектура“.

Обликувањето на градинката „Ветрњик“ се заснова на детството, со концепт кој има за цел да долови разиграност и спонтаност, па заради тоа во проектот се нашле форми што интерпретираат шатори и пештери.

9

2

Отсуство на геометрија во умот на децата

Оваа установа за најмладите содржи вежбална, градина, игралиште и училници распоредени по блокови во различни бои, кои се разгрануваат од централната бела структура.

„Основата на неправилна форма се потпира на отсуство на геометрија во умот на децата, како и на различно воспоставен ред, на разиграност и спонтаност“, вели за Dezeen Давид Краус, директор на бирото „Архитектура“.

1

Архитектите посочуваат дека децата им биле инспирација, односно нивните игри, движења, визии, како и нивните размери. Детската спонтаност, неорганизираност, непредвидливост, чистота, љубопитност и оптимизам влијаеле на дизајнот.

Секој од блоковите со интензивни бои содржи една училница, додека другите содржини се во главната бела „коцка“.

8

Влез како вселенски брод

Фасадата на градинката која е свртена кон улицата има влез кој изгледа како вселенски брод и оваа зона е сместена покрај „жив ѕид“ за кој архитектите од Прага се надеваат дека ќе расте и дополнително ќе се проширува.

3

Откако го поминале влезот, посетителите и децата ги пречекува просторот на атриумот сместен во белата централна  зграда. Во рамки на оваа структура сместени се и канцелариските простори и другите практични содржини.

Интересен елемент во оваа зона е и голема мрежа која се потпира на четири дрвени стебла, а зоната под мрежата може да се користи како простор за организирање на музички или театарски настани, како и изложби.

6

Од атриумот се разгрануваат поединечните училници, кои се поврзани со градината. Просториите во училницата, благодарение на големите прозорци, имаат многу природна светлина.

Пејзаж на детска фантазија

Просторот на игралиштето проектиран покрај градинката во моментов е во фаза на изградба, а архитектите се надеваат дека, кога ќе се заврши, ќе биде исполнет со природа и ќе инспирира имагинативни игри.

10

„Најголем напор беше добро да се проектира дневниот боравок, кој ќе биде полн со забавни атракции и кој ќе бидат еден вид пејзаж на детската фантазија, а можеби дури и забавен парк. Сакавме да направиме објект за деца кој не е установа, туку е разигран и овозможува развој на креативност “, вели Давид Краус.

7

5

11 12 13 14

Испрати коментар

Scroll To Top