Насловна / Вести / Разиграниот ентериер на мал стан заштедува простор на необичен начин

Разиграниот ентериер на мал стан заштедува простор на необичен начин

Азиските архитекти се познати дека бараат начини да заштедат простор за своите клиенти, чии станбени единици често се многу мали. Архитектите од бирото TOWO Design прифатиле сличен предизвик и ентериер на стан од 38 квадратни метри во Шангај го поделиле на неколку комфорни зони.

3_resize

4_resize

Архитектите успеале во тоа благодарение на иновативно дизајнираните „кутии“ со неправилни форми во кои се наоѓаат двете најважни зони на еден стан – неговата кујна и спалната соба. Така, сите кујнски елементи и апарати се нашле во жолта „кутија“ обложена со ПВЦ, тоалетот е скриен во дрвена кутија покрај, а во посебна дрвена единица се наоѓа просторот за спиење.

1_resize

5_resize

Скриени простори за складирање

Вака направени поединечни соби изгледаат навистина посебно, особено ако се земе предвид дека секој милиметар од нивните неправилни ѕидови се користи за да се смести скриен простор за складирање. Затоа, на станот не му се потребни дополнителни плакари, бидејќи сè е скриено во ѕидовите на овие импровизирани простории.

10_resize

Со огледала до поголем простор

Дизајнот на ентериерот очигледно е инспириран од футуризмот и научно-фантастичните филмови, но вклучува и различни иновативни и практични решенија. На пример, огледалата и другите рефлектирачки површини во станот се поставени така што не им пречат на корисниците во секојдневната работа низ станот, а визуелно го зголемуваат просторот.

6_resize

Просторот е максимално искористен благодарение на паметно поставување на споменатите „кутии“ под необичен агол. Дополнително, модуларните елементи во кои се сместени кујната и бањата заштедиле простор до толкава мера што е оставено доволно место за организирање на пространа дневна соба во станот со нешто покласична форма.

11_resize

12_resize

9_resize

8_resize 7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top