Уметницата Camille Walala се послужила со својот карактеристичен колористички израз за да реализира нејзината лавиринт инсталација во една лондонска галерија.
Имено, сите посетители на изложбата може да го ослободат детето во себе. Барем тоа е првичната идеја на авторката Camille Walala, која со својата еклектичен и шаренолик лавиринт инсталација едноставно воодушевува, а која е остварена во познатата лондонска галерија – Now Gallery.
Така, интересната инсталација ја формираат ѕидови на лавиринт преслечени со геометриски шеми, форми, модели, светли бои, и кои се дополнително акцентирани со рефлектирачки површини. Исто така, ѕидовите се со различни висини што на посетителите им овозможува необично искуство во кое визуелното се поигрува со „наметнатата“ средина.