Насловна / Вести / Разговор за уметноста со Игор Тошевски ќе се одржи во Чифте амам

Разговор за уметноста со Игор Тошевски ќе се одржи во Чифте амам

Денес (26 септември), со почеток во 12 часот, по повод изложбата „Помеѓу“ на Игор Тошевски, што неодамна беше отворена во објектот Чифте амам, Националната галерија на Македонија во рамките на проектот „Разговори за уметноста“ организира средба со уметникот.

На разговорот, покрај уметникот Игор Тошевски, за изложбата и неговото творештво ќе говорат Владимир Јанчевски, историчар на уметноста, и Горанчо Ѓорѓиевски, кустос во Националната галерија на Македонија.toshevski

Проектот „Помеѓу“ се развива и реализира токму во време кога се редефинираат националните приоритети, време во кое дебатите за улогата на уметноста сè почесто излегуваат на јавна сцена. Тоа е, пред сè, поради зголемената свесност за потенцијалот на уметноста и за нејзината (зло)употреба и, конечно, неизбежниот заклучок дека уметноста секогаш имала имплицитна или експлицитна политичка димензија.

Овој проект отвора можност тој да биде разгледуван низ призмата на актуелните прашања кои се појавуваат во неговата генеза, поконкретно од 2012 година наваму, но и преку навраќање на доминантните постапки и стратегии кои ги користи Игор Тошевски, особено од средината на 1990-тите години.

 

Испрати коментар

Scroll To Top