Деновиве сме сведоци на една интересна иницијатива во светски рамки и за еден од начините како компаниите се обидуваат да влијат на подигање на свесноста за проблемот со пандемијата COVID 19. Со поголема свесност на нас останатите, всушност помагаме на целиот персонал кој е на првата линија на фронотот во борбата со COVID 19.
Еден од позитивните примери од домашните компании е и оној на компанијата АДИНГ, која од 25. март има направено привремена трансформација на својот логотип, или како што стои во соопштението на компанијата:
Растојанието помеѓу нас е од клучно значење за стопирање на пандемијата со COVID 19. Затоа нашето лого времено го трансформираме следејќи ја оваа иницијатива во светски рамки, а нашиот слоган „состојка на секоја градба“ го менуваме во „растојанието е клучна состојка за нашето здравје“. Со оваа промена ги поддржуваме сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на COVID-19. Исто така, со ова искажуваме поддршка на вработените во јавните служби, кои се на првата линија на фронтот во борбата со COVID-19.
Порта3 ќе ги следи овие примери од домашните комапнии и ќе ја даде својата медиумска поддршка, за ваквите иницијативи.
Останете безбедни!