Италијанскиот биоинженер Џузепе Шонти, пронашол замена за месо на база на билки, која се произведува со помош на високоразвиената технологија на 3D печатење. Со цел своето реолуцонерно откритие да го направи достапно на сите светски пазари, ја основал компанијата Novameat. За разлика од конкурентите, Novameat се концентрира на имитирање на влакнестата текстура на месото. За производство на „месото без месо“, се користи паста од природни растителни состојки. Таа се пропушта низ печатач со цел да се добие крајниот производ. Во текот на еден час, можно е производство на 200 грама „месо“ по цена од 4 евра.
Инспирацијата за создавање на Novameat лежи во две сериозни состојби кои го загрижиле Шонти. Прво, тоа била неговата загриженост за одржливоста на Планетата, односно трошењето на ресурсите на вода и храна за потребите на сточарството. Втората причина, Шонти ја лоцира во зголемената стапка на смртност предизвикана од болести поврзани со прекумерното конзумирање на црвено месо.