Доколку сте во потрага по ново зеленило во вашиот дом кое нема да бара премногу грижа, време е да дознаете повеќе за Кинескиот долар или Pilea peperomyoida. Ова зимзелено растение кое потекнува од јужна Кина е препознатливо по неговите кружни зелени листови кои се разгрануваат од дрвенестото стебло и кое може да порасне и до 30 сантиметри.
Листовите му го дале името Кинески долар, но и според старите верувања привлекува енергија на богатство и благосостојба, па во азиските земји често се подарува како скапоцено растение кое се пренесува од колено на колено.
Иако може да се чува надвор во тек на топло време, Кинескиот долар се одгледува како собно растение и генерално не поднесува температури под 10 степени. Нека не ве лаже нежниот изглед на листовите, станува збор за многу отпорно растение кое бара место во полусенка (што е можно повеќе светлина, но не и директно сонце кое може да ги изгори листовите). Му одговара честото полевање, особено во топлите денови, додека во зима доволно е да се полева околу еднаш неделно.
Пречестото полевање ќе го уништи коренот. Добро е да се полева со вода која одстојала минимум 24 часа или со филтрирана вода, бидејќи нема да реагира добро на хемикалии што се присутни во водата.