Порастот на количината на употребен бетон го отвори прашањето за заштитата на животната средина бидејќи портланд цементот испушта во атмосферата CO2.
Според најновите статистики на американскиот USGS и MIC (Mineral Industry of China), Кина во последните три години потроши повеќе бетон отколку САД во целиот дваесетти век. Од 2011 до 2013 година во Кина се потрошени 6,6 гигатони бетон, додека во Америка од 1901 до 2000 година се потрошени 4,5 гигатони бетон.
Растот на градежната индустрија позитивно влијае на економијата, зголемената БДП-стапка и стандардот на граѓаните. Меѓутоа, денешниот бетон се изработува од портланд цемент кој испушта голема количина на јаглероден диоксид. Од вкупната количина CO2 што се испушта во атмосферата, дури 7% потекнуваат токму од портланд цементот.
Затоа, од овие инстутуции истакнуваат на потребата да се изнајдат нови врзивни материјали за бетонот. Познато е дека Римјаните произведувале бетон од вулкански пепел и тие градби сè уште стојат на своето место. Така на пр. Пантеон во Рим е граден пред 1900 години. Всушност, тој не бил армиран па ‘рѓата не можела да нанесе штета на бетонската конструкција.