Локалната самоуправа од Куманово го продолжува процесот на гасификација на објектите во градот. Според објавените информации на порталот „Куманово Њуз“, користењето на овој енергенс досега е обезбедено за 12 локални установи, училишта, градската библиотека и седиштето на ЕВН во Куманово, кои се приклучија на изградената гасоводна мрежа и активно го ползуваат природниот гас. Јавното претпријатие „Куманово – гас“ периодов работи на гасификацијата на бројни други објекти. „Правиме подготовки за црквите „Света Троица“ и „Свети Никола“, навлегуваме во населбата Гоце Делчев, во изградба е мрежата на улиците „Иго Тричковиќ“ и „Живко Чало“. Наскоро ќе се гасифицира и првата станбена зграда“, вели Драган Петровски, директор на Ј.П. „Куманово – гас“.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Расте бројот на потрошувачи на природен гас во Куманово