Насловна / Вести / Растат цените на недвижнините речиси во цела ЕУ

Растат цените на недвижнините речиси во цела ЕУ

Berlin1

Цените на недвижнините ќе расте во текот на 2015 година на цела територија на ЕУ, со исклучок на Франција и Белгија, благодарение на подобрите економски услови и ниските каматни стапки. Тоа е проценка на бонитетната агенција Стандард и Пурс. Во Ирска цените на недвижнините во текот на оваа година најмногу ќе пораснат за 9,0 отсто, потоа во Германија 5,0, во Португалија 4,0 отсто и во Холандија 3,0 отсто. Во Шпанија недвижнините во просек ќе поскапат 2,5 отсто, а во Италија ќе дојде до стабилизација на цените. Раст на цените на недвижнините се очекува и во Велика Британија за 7,0 проценти, а во Швајцарија која не е во рамки на ЕУ, за 1,5 отсто, се наведува во извештајот на Стандард и Пурс. 

Испрати коментар

Scroll To Top