Насловна / Вести / Раст на продажбата на индустриски роботи во пандемиска година

Раст на продажбата на индустриски роботи во пандемиска година

Продажбата на индустриски роботи во пандемиската 2020 година, забележала раст на глобално ниво, највеќе поради зголемената побарувачка во Кина. Според Меѓународната федерација за роботика (IFR), минатата година се испорачани 384.000 роботи, што е за 0,5% повеќе отколку во 2019 година.  Бројот на индустриски роботи во фабриките ширум светот пораснал за 10%, на рекордни 3 милиони. Највеќе нови роботи, во 2020 година се воведени во Кина – 170.000, а за истиот период нивниот број во Европа е намален за околу 8%.

ifr1

Претседателот на IFR, Milton Guerry рекол дека нарачките и производството во кинеската индустрија започнале да растат во второто тромесечие на минатата година, а потоа следувал период на опоравување на економијата во Северна Америка и Европа. Guerry истакнал дека оваа година се очекува поинтензивно опоравување на економијата, како и нов раст на употребата на роботите од 13%, со што ќе биде надмината засега рекорната 2018 година.

ifr2

 

Испрати коментар

Scroll To Top