Насловна / Вести / Растат капацитетите за складирање на енергија-паѓаат цените

Растат капацитетите за складирање на енергија-паѓаат цените

Kapaciteti za skladiranje energija1

Американскиот портал Power Engineering International, известува дека Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија (IRENA), предвидува пад на цените на стационарните батериски системи за складирање на енергија. Како што се истакнува, нивната цена во наредните 13 години би требало да падне за дури 66%, истовремено со забрзаниот развој на електричните возила. Сегашниот инсталиран капаците на овие системи од 2GW, во 2030 година ќе се зголеми на 175GW, што значи дека ќе стане конкуренција на реверзибилните хидроцентрали како решение за складирање на енергија.

Kapaciteti za skladiranje energija2

Притоа, порастот на примената на батериските системи за складирање на енергија, тесно е поврзан со искористувањето на обновливите извори на енергија, за што исто така се прогнозира раст особено во земјите во развој. Во прилог на ова тврдење е фактот што само во периодот 2010-2016 година, цената на литиум – јонските батерии за возилата, забечлежала пад од 73%, додека цената на малите системи за стационарна примена во Германија, паднала за 60% во период од неполни три години.

Kapaciteti za skladiranje energija

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top