Насловна / Архитектура / Распишани избори во Комората за сите позиции

Распишани избори во Комората за сите позиции

Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на седницата одржана на 13 февруари 2021 година распиша избори во Комората за сите изборни позиции.

Право да бидат кандидирани и да гласаат имаат сите активни членови на Комората, во рамките на своите матични одделенија.

Упатствата за спроведување на изборите се објавени на веб страната на Комората. На веб страната може да го видите и прелиминарниот термин план за изборите, кој може да претрпи мали корекции.

Повеќе детали за изборите и повик за достава на кандидатури ќе следи околу 5 март 2021 година.

За изборен ден за делегати во Собранието на Комората се планира 3 април 2021 година, а новиот состав на Собранието ќе се конституира на 30 април 2021 година.

Новиот состав на Собранието на Комората ќе избере нов Претседател на Комората на седница која е планирана за 29 мај 2021 година.

кои1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top