Насловна / Архитектура / Распишан меѓународен конкурс за идејно решение за реконструкција на центарот на Подгорица во пешачка зона

Распишан меѓународен конкурс за идејно решение за реконструкција на центарот на Подгорица во пешачка зона

Со цел оживување на центарот нa градот, ширење на пешачката зона и обезбедување на паркинг простор, Град Подгорица распиша меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за реконструкција на „Плоштадот на независноста“ (Trg nezavisnosti). Имајќи во предвид дека станува збор за главен градски плоштад, се очекуваат решенија кои овој простор ќе го третираат на единствен и препознатлив начин, а во согласност со потребите на граѓаните и посетителите. Со оглед дека ревитализацијата на градот е една од примарните задачи на градската управа, реконструкцијата ќе подразбира изместување на автомобилскиот сообраќај и давање предност на пешаците во рамките на целиот опфат на плоштадот.

podg1

Главниот потенцијал на овој простор е во неговата централна позиција во градското јадро, кое има исклучително идентитетско, културно, социјално и економско значење за Подгорица. Значајна е можноста за поврзување со блиските отворени јавни простори во единствен систем на пешачка зона, со голем потенцијал за разни содржини и функции прилагодени на современиот начин на живот.

Постоечката состојба на плоштадот е дефинирана со реконструкцијата од 2006 година, но тој не заживеал на очекуваниот начин. Просторот останал во одредена мера издвоен со фрекфентен сообраќај кој го отежнува пристапот за пешаците. Документацијата е достапна на следниот ЛИНК.

podg2

podg3

 

Испрати коментар

Scroll To Top