Општина Гази Баба распиша конкурс за изработка на идеен проект за општинска зграда. Општинската администрација својата дејност засега ја врши во постојните бараки со вкупна површина од 1.860 м2, а органите на државната власт својата дејност ја вршат во бараките со вкупна површина од 993 м2. Вкупна површина во згради во кругот на бараките изнесува 2.853 м2
Во новата општинска зграда се предвидени повеќе содржини со цел оптимални услови за работа на општинската и државната администрација и квалитетни услуги на граѓаните. Предвидената површина за градба на објектот изнесува 1000 м2 според предлог-ситуационото решение што е во прилог на овој конкурс. Нето развиената површина за градење изнесува 4461 м2.
Изборот на идеен проект ќе биде објавен најдоцна во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот.
Општина Гази Баба ќе додели прва награда во висина од 60.000,00 денари, втора награда во висина од 40.000,00 денари и трета награда во висина од 20.000,00 денари, а исто така го задржува правото да не ги додели наградите, односно да не изврши откуп на идејните проекти.
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое подигнало тендерска документација од веб-страницата на Бирото за јавни набавки.
Целта на програмата е да се изработи идејниот проект за општинска зграда Гази Баба, во согласност со ДУП Дел од УЗ Автокоманда локална самоуправа и дел од комплекс факултети, за потребите на граѓаните на општина Гази Баба и општинската и државната администрација.