Конкурсот за избор на идејно решение за изработка на мозаици на плоштадот кој ќе го премости скопскиот булевар „Гоце Делчев“ е веќе објавен.
Изборот ќе го прави жири – комисија на општината Чаир во Џенгис Хани, Хусамет Агушовски, Бесијан Мемети, Скендер Асани и Меџаит Положани. Првата награда е 300.000 денари, втората награда 100.000 денари и третата – 60.000 денари. Рокот за пријавување на идејните решенија е 15 јануари 2015 година.
Надземниот пешачки премин над булеварот „Гоце Делчев“ е дел од втората фаза на изградбата на плоштадот „Скендербег“. Изведувач на овој дел од работите кои ќе чинат 10 милиони евра е фирмата „Бауер БГ“. Плоштадот „Скендербег“ ќе има 28.674 квадратни метри.