Насловна / Вести / Раскошните петунии се незаменливи на секоја тераса, прозорец или градина

Раскошните петунии се незаменливи на секоја тераса, прозорец или градина

Ако сè уште не сте нашле растение за вашата тераса кое обилно цвета, а и убаво мириса сините петунии се едно од решенијата.

1

Петунии, потунии и сурфинии – прекрасни и незаменливи на секоја тераса, прозорец и во двор. Цветовите на потунијата се речиси исти како оние на петунијата, само што се со сферични форма, додека оние на петунијата се во форма на труба. Сурфините се всушност висечки верзии на петунии со помал цвет, чија цветна гранка може да порасне и до 80 сантиметри.

2

Петуниите цветаат од рана пролет до есен. Благодарни се за одгледувањето бидејќи поднесуваат ниски, но и високи температури. Има различни видови и бои, а сините се и миризливи и привлекуваат пчели и пеперутки.

8

Сината е оригиналната боја на петунијата и сè настанува од неа. Сината боја мириса најдобро. Кога се полева во текот на ноќта, мириса целата тераса и целата градина. Цветните гранки се хидрираат секој ден и секој овенат цвет се отстранува со стебленцето за да се спречи формирање на семки во цветот за да цветаат поубаво и побрзо. Прихрана треба да им се дава стално, велат цвеќарите.

4

Суфирнијата бара чиста почва, чист хумус. Не сака тврда почва бидејќи брзо расте, а колку повеќе се полева и храни, толку побрзо напредува и побрзо го исфрла цветот. Исто така, мора редовно да се крои.

3

Кога една гранка ќе прецвета, секоја стара гранка се сече на половина за да се создаде нов капацитет за цвеќе. Додека кај стоечките, нормални петунии, главната гранка оди на половина, за да го направи својот цветен аранжман на половина, за да цвета додека не падне снег.

6

Петуниите во саксии најдобро е да се полеваат со отстојана вода, особено кога температурите се високи, за да се спречи гниењето на растението. Се полеваат еднаш дневно или во зависност од времето или големината на саксијата.

0

Доколку се случи растението да е дехидрирано, овенато, се полева 10 до 15 минути во сенка и потоа се вади на сонце. Петунијата е најдобро да биде поставена под отворено небо на сончевата страна, бидејќи ако е во сенка, може да ја нападне прашкаста мувла и брзо ќе пропадне.

7 01

Испрати коментар

Scroll To Top