Насловна / Архитектура / Раскошниот сицилијански дворец од филмот „Кум“ се продава за 6 милиони евра

Раскошниот сицилијански дворец од филмот „Кум“ се продава за 6 милиони евра

Раскошниот сицилијански дворец кој може да се види во третиот дел на култниот филм „Кум“, е понуден за продажба и бара нов сопственик за цена од 6 милиони евра. Дворецот кој се простира на неверојатни 4000 квадратни метри, сместен е во близина на Катанија, и има 22 спални соби, осум бањи, вински подрум, библиотека, и опкружен е со парк од 2,1 хектари. На почетокот на овој посед подигнат на крајот нa 19-тиот век во неоготички стил доминира импресивен трем, а во внатрешноста се наоѓаат бројни уметнички предмети. Токму по повод продажбата на недвижноста, се покренува и прашањето за судбината на сите тие уметнички дела, бидејќи дворецот е своевиден музеј.

castle1

castle2

castle3

 

Идејата да ја згрижи својата уметничка колекција, била всушност и мотивот за изградбата на дворецот од страна на баронот Agostino Pennisi di Floristella. Како што соопштуваат од Sotheby’s International Realty, чија италијанска подружница го продава дворецот, некои дела остануваат и за новите сопственици, но најголемиот дел се сели на нова адреса. Остануваат фреските кои биле насликани од италијанскиот уметник Giuseppe Sciuti во 1905. година, како и мермерната биста на баронот. Сепак, најголемото богатство на дворецот не оди во пакет со продажбата, а тоа е вредната нумизматичка колекција која брои повеќе од 1600 златни и сребрени грчки монети.

castle4

castle5

Имотот стар 140 години успеал да го издржи разорниот земјотрес во 1908 година. Во текот на Втората светска војна, британската војска го бомбардирала поширокото подрачје на кое се наоѓа дворецот, но и овојпат тој минал без значајни оштетувања.

castle6

Испрати коментар

Scroll To Top