Насловна / Архитектура / Расипнички, штетно и застарено: дали е време да престанеме да градиме облакодери?

Расипнички, штетно и застарено: дали е време да престанеме да градиме облакодери?

Иако високите згради сè уште ширум светот се сметаат за многу пожелни, нивната иднина е доведена во прашање поради големите влијанија врз животната средина во текот на нивната изградба, но и одржувањето.

Инженерот Tim Snelson, консултант за проектирање во Arup, изјави за јулското издание на Domus, дека изградбата на секој просечен облакодер ќе има најмалку двојно поголема емисија на јаглерод од десеткатница со иста вкупна површина. Ова тврдење предизвика дискусии и го покрена прашањето дали навистина ни требаат толку многу облакодери во иднина и дали нивната изградба навистина вреди поради дополнителното загадување, пренесува Тhe Guardian и прашува „ако никој никогаш повеќе не изгради облакодр, кому ќе му недостасува“?

3_resize

Говорејќи за ресурсите потребни за изградба на високи згради и нивната конструкција, тие секако дека се позахтевни од пониските згради со иста површина. Така, на пример, потребно е повеќе арматура и бетон во темелите со цел да се одржи конструктивната стабилност на зградите. Исто така, потребна е огромна количина на енергија за ладење и греење, како и за покренување лифтови на поголема височина, за што Snelson вели дека е потребно 20 отсто повеќе отколку за згради со средна висина.

Сепак, високите згради сè уште „поминуваат“ во светот под тврдењето дека придонесуваат за зачувување на животната средина, дека е помала изграденоста на парцелата на ниво на терен со што останува повеќе простор на партерот на локацијата. Аргументите се воглавном и во однос на густината, ако се постават повеќе домови или работни места на едно место, тогаш земјиштето и јавниот превоз полесно се организираат и поефикасно се користат. Има малку вистина во ова, но исто така може да се постигне високо ниво на густина без да се преминат 10 или 12 ката, па така треба да се извагаат сите фактори.

2_resize

Малку по малку, но одново се добива едноличен дизајн на облакодери, кои си играат со своите еколошки карактеристики. Тhe Gherkin, каде воздухот за ладење требаше да тече низ спирални внатрешни предкомори, е ран пример. Strata SE1, облакодер во јужен Лондон со три ветротурбини на врвот е уште еден. Овие системи често не работат како што е ветено, пишува понатаму Тhe Guardian. И додава дека делумно се извлекле бидејќи до неодамна на инкарнираната енергија не и се придавало големо значење, како на енергија во употреба. „Се смета за прифатливо – според градежните прописи, од страна на архитектите, професионалните медиуми – да истргнат небројни тони супстанци од земјата и пумпаат слична количина стаклени гасови во атмосферата, за да се произведат волшебни архитектонски уреди, доколку нивното волшебство функционира онака како е ветено, да вратат свој дел од долгот за јаглерод по некое време во идниот век. До кога може да биде доцна“.

4_resize

Се поставува и друго прашање, зошто во време кога се говори за поврзување со природата некој би сакал да живее во облакодер? Помалку е мистерија зошто облакодерите се сметаат за пожелни, обично се преминува од ветровит и негостопримлив плоштад во бездушно лоби, во долго чекање и возење со лифт, потоа во друго лоби и уште подолги ходници. Потоа ве чека конфекциски стан, забарикадиран поради јаките ветрови, тераса доколку имате среќа, без апсолутно никаков контакт со природата. Сепак добрите погледи и понатаму ги продаваат становите, а тие навистина знаат да бидат величенствени. Добриот дизајн може да ублажи некои од овие недостатоци, но необично тешко е да се пронајде добат дизајн во новите високи згради, пишува Тhe Guardian. Ова визуелно зуење оди со низа неоптимални физички искуства, кои станаа уште повеќе непривлечни со ширење на вирусот, кој како да успева во климатизирани и затворени простори. Архитектурата не е само она што може да се види.

Во меѓувреме, облакодерите сè уште масовно се градат низ целиот свет. Според годишното истражување на New London Architecture, во моментов во Лондон 525 згради со 20 или повеќе ката се во процес на изградба или добивање дозвола. Други британски градови, вклучувајќи ги Манчестер, Ливерпул и Бристол, подлегнаа на уверувањето дека има нешто гламурозно во овој истрошен и старомоден тип на згради.

1_resize

Меѓутоа, постојат и бројни примери низ целиот свет каде што изградбата на високи згради е прекината, како оној во Саудиска Арабија во 2017 година, кога инвеститорот принцот Alwaleed bin Talal беше уапсен за корупција. Доколку некогаш се завршат овие и слични објекти, прашање е дали тие ќе бидат симбол на економската моќ на целата нација, како што беше случај со облакодерите од дваесеттиот век во Њујорк и Чикаго. Многумина веруваат дека велелепните облакодери на денешницата неретко се средство на неколку членови на општеството, кои на овој начин стекнуваат огромно богатство за себе.

5_resize

Тhe Guardian вели: „Во Британија високите објекти се знак на наеуспешно планирање, поради што е тешко да се најде простор за поодржливо и похумано градење домови. Во заливските земји (па и во Британија валканите пари често одат во проекти на облакодери), облакодерите многу често укажуваат на корупција. Поради тоа тие не се симболи на напредок“.

Во текстот Тhe Guardian ја истакнува и изјавата на Tim Snelson: „И покрај тоа што колективниот напредок на цивилизацијата низ вековите сè уште во голема мера се мери со способноста за изградба на поголеми и повисоки објекти, дојдовме до точка кога мора сами на себе да си поставиме ограничувања и што повеќе се насочиме кон одржлива изградба,  за да го спречиме уништувањето на нашата иднина на која ќе влијае нашето наследство “. Толму така. И зошто, навистина би сакале да живеете во една од овие работи, прашува Тhe Guardian?

Извор: Тhe Guardian 

Испрати коментар

Scroll To Top