Општина Битола ја започна акцијата за расчистување на речното корито на реката Драгор во делот од железничкиот мост до мостот пред базата на ГД „Гранит“. Овој дел од коритото кој веќе со децении не бил исчистен, и за кој жителите од тој реон неколкупати доставиле барање, ќе се расчистува во должина од еден километар. Проектот целосно го финансира општината, а расчистувањето го врши ЈП „Нискоградбa“ Битола.
Директорот на ЈП „Нискоградба“ Кире Крстевски напомена дека расчистувањето на овој дел од коритото на реката Драгор би траело околу шеесетина денови, а отпадот што би го извадиле би бил околу 17 метри кубни.