Насловна / Вести / Расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“

Расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“

Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар. Во активностите е вклучена механизацијата и работниците на ЈП „Водовод и канализација“, а расчистувањето на просторот се очекува да трае околу 10 денови.
Градоначалникот Шилегов изјави: „На ова место ќе подигнеме парк на површина од над 90.000 квадратни метри кој ќе го наречеме Градски парк 2“.
Тој додаде дека новиот парк ќе биде подигнат со донации од општествено одговорни компании при што трошоците на Град Скопје и на Општина Карпош за подигнување на овој парк би биле незначителни во однос на неговата реална вредност.

деп

Испрати коментар

Scroll To Top