Викендов, општина Кисела Вода спроведува акција за чистење на сметот од сите детски игралишта на територија на општината.
Преку секторот за месна самоуправа, ангажирани биле тимови на сезонски работници кои во текот на денешниот и утрешниот ден интензивно ќе работат низ сите месни и урбани заедници на отстранување на отпадот оставен од несовесните граѓани.
Општината веќе работи на замена и поправка на оштетените реквизити на детските игралишта. Реконструктивните зафати опфаќаат репарирање на детските реквизити и урбаната опрема, а веќе во текот на следната седмица акцијата ќе продолжи со косење на нараснатите тревни површини.