Во скопската населба Топанско Поле расчистени се дивите депонии и извршено е рачно миење на три микро локации.
Во расчистувањето беа вклучени дваесет работници од Јавна комунална хигиена, а се користеа и две специјални комунални возила „пјаџо“, два кипера и една цистерна.
Во рамки на акцијата исчистени се околу 25 кубни метри отпад.
Во текот на изминатите денови, од страна на еко-патролата на „Комунална хигиена“ и комуналните редари на Градот Скопје реализирани се и едукативни разговори за правилен третман на комуналниот отпад со оние граѓани кои се забележани како го прекршуваат Законот за јавна чистота.