Насловна / Арт и дизајн / Range Rover одбележува 50 години постоење (видео)

Range Rover одбележува 50 години постоење (видео)

Родендените се секогаш посебни прилики, но оние големите и важните се слават на посебни начини…

2_resize

Прославувајќи го својот 50-ти роденден, Range Rover се потруди забавата да ја доведе до совршенство. Професорот Geri Mekgovern, креативен директор на брендот Land Rover, се здружи со Savile Row, кројач и креативен директор на Henry Pool & Co, за да создадат специјална ткаенина во чест на педесеттиот роденден на Range Rover, за потоа од нејзе да направат 50 машки и женски сакоа по мерка.

1_resize

Специјално за оваа посебна пригода, 120 метри ткаенина од јагнешка волна, доволно за креирање на 50 сакоа, ќе биде произведена во специјални бои на екстериерот на оригиналниот модел Range Rover од 1970. година. Педесет среќни мажи и жени ќе добијат шанса да му ја покажат на светот најдобрата верзија на себе во ова сако, во нијанси на Tuscan Blue, Bahama Gold и Davos White. Секое сако ќе биде прилагодено за да одговара совршено на својот иден сопственик.

4_resize 5_resize

Инаку, прославата не е ограничена на само 50 сакоа по мерка. Станува збор за настан кој би требало да се прослави на незаборавен начин, и токму тоа ќе следи по овој дел од приказната. Возила со исти бои се достапни за прв пат по 35 години во ограничен асортиман, наречен Range Rover Fifty. Ограничени глобално на 1970 единици, овие автомобили прославуваат половина век на пионерски иновации и неверојатни способности.

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top