Сигурно е дека на овие простори не постои човек кој не слушнал за Рамбо Амадеус, музичар, поет и како што самиот се опишува „медиумски манипулатор“. Но, не знаат баш сите дека зад псевдонимот и маската на контроверзниот уметник се крие големиот борец за екологија и обновливи извори на енергија – Антоније Пушиќ. Во своето интервју за српскиот “Energetski portal“ тој раскажува за своите убедувања и активности во оваа област, како и за својот најнов проект „Соларен ретро едреник“.
Смета дека хибридните возила во моментот се најдобриот избор за секој возач, и дека од особена важност е да се сочува чистоата на морињата, почвата и воздухот за идните поколенија. „Граѓаните разбирааат дека енергетската ефикасност е добра, но погрешно очекуваат дека со тоа треба да се занимава државата или големите енергетски компании. Граѓаните би требало да влезат во оваа приказна сами, и тоа од многу едноставна причина – бидејќи тоа се исплатува. И конечно, и најважно, бидејќи секој грам CO2 кој го испуштате во воздухот, ќе го вдишуваат вашите внуци, без одглед на тоа колку пари ќе им оставите на сметка“ подвлекува популарниот Рамбо Амадеус.