Насловна / Арт и дизајн / Ракописот на „Малиот принц“ ќе биде изложен во Лувр

Ракописот на „Малиот принц“ ќе биде изложен во Лувр

Славниот француски писател, поет, аристократ, новинар и пилот Antoine de Saint-Exupéry, ја напишал познатата приказна „Малиот принц“ во Њујорк и на Лонг Ајленд, каде што бил во егзил во периодот помеѓу јуни и ноември 1942 година. Оттогаш оригиналниот ракопис никогаш не излегол надвор од САД.

lepetiit1

lepetit2

Пред да се придружи на Слободното француско воено воздухопловство во пролетта 1943 година, авторот го поверил ракописот на својата пријателка Sylvia Hamilton, која во 1968 година го продала на книжарницата и музеј Morgan Library & Museum. Токму оваа установа ќе го позајми ракописот на Музејот на декоративна уметност, кој од 17-ти февруари до 26-ти јуни 2022 година во крилото на палатата Лувр ќе биде домаќин на изложбата „Средба со малиот принц“(À la rencontre du Petit Prince). На изложбата ќе бидат презентирани повеќе од 600 експонати, повеќето лични предмети на авторот, меѓу кои и досега необјавени и неизложени акварели, скици и цртежи, како и бројни фотографии, песни, исечоци од новинарски текстови и писма.

lepetit3

lepetit4

lepetit5

Откако книгата била објавена на француски и англиски јазик во 1943 година во Њујорк, Saint-Exupéry мистериозно исчезнал по полетувањето од Корзика во јули 1944 година, во воено-извидувачка мисија на француската територија која тогаш сеуште била под нацистичка окупација. Во родната Франција неговото дело е објавено во 1946 година.  Преведено е на 300 светски јазици. Ракописот има над 30.000 зборови. Во 2014 година бил изложен во просториите на Morgan Library & Museum.

Испрати коментар

Scroll To Top