Насловна / Архитектура / Рајска куќа со природна оаза во срцето

Рајска куќа со природна оаза во срцето

Наменета за семејство од неколку генерации, оваа голема куќа во Сингапур крие вистинска оаза во нејзиниот центар: водни површини, водопади и степенести градини кои се спуштаат од покривот до срцето на домот.

raj1

Куќата Cornwall Gardens е дело на студиото Chang Architects со седиште во Сингапур, кое доби бројни архитектонски награди за овој проект.

raj2

Семејната куќа е дизајнирана така што може да прифаќа идни членови ако децата ги прошират своите семејства и сакаат да останат во рајската куќа.

raj3

Шест спални соби, теретана, библиотека, како и заеднички дневни соби кои вклучуваат неколку трпезарии, се распоредени околу централниот двор со базен, водопад и езерото кое е на ниво на подрумот.

Бујното зеленило може да се види насекаде во куќата – и во внатрешноста и на терасата на покривот, меѓу спратовите, околу водните површини.

raj4

“Семејството и природата го делат истиот простор. Растенијата, водата и просторот за живеење се спојуваат во една целина“, објаснуваат архитектите.

Изградена на закосен терен, куќата е адаптација на постојната зграда лоцирана на копно. Новата куќа ја има зафатено скоро целата парцела, а нејзиниот дизајн предвидува сите простории да бидат отворени кон внатрешниот двор.

raj5

Таквиот план има обезбедено многу природна светлина, природна вентилација и пасивно ладење и создаде еколошка средина што промовира здрав живот за сите.

raj6

raj7

Испрати коментар

Scroll To Top