Насловна / Вести / Рафинериите се подготвуваат за историска замена на горивата

Рафинериите се подготвуваат за историска замена на горивата

Рафинериските постројки во Европа и САД, го одложуваат периодот на планираните ремонти за подоцна во текот на годината, во очекување на пораст на побарувачката на горива и повисоки маржи, додека од друга страна, бродската индустрија се подготвува за историска замена на горивата во бродскиот сообраќај. Аналитичарите велат дека слична слика се појавува и во Азија. Рафинериите во Средоземјето и во Северозападна Европа досега веќе ги реорганизирале своите годишни ремонти, со тоа што во ремонт ќе влезат околу 60% помалку капацитети од првично планираното. Сличен тренд е забележан и во САД. Поголемата ангажираност на рафинериските капацитети во период од годината кој не е типичен, е одговор на воведувањето на новите правила за намалување на емисијата на сулфур од бродскиот сообраќај до јануари 2020 година. Според прогнозите на IEA (Меѓународна Агенција за Енергија), се очекува пораст на цените на дестилираните горива со ниска содржина на сулфур, како и на дизелот со ниска содржина на сулфур. Се очекува дека овие еколошки мерки ќе им овозможат на рафинериите пораст на добивката.

refinery1

refinery2

refinery3

Испрати коментар

Scroll To Top