Данската компанија „Квадрат“, уште еднаш го повика познатиот белгиски моден дизајнер Раф Симонс на соработка. Овој пат, заедно тие создале една интересна колекција на ткаенини и текстилни светли тонови и нијанси.
Раф Симонс е инспириран од футуризмот, модернизмот и поп-арт и со својата омилена музика, а резултатот се стилови на ткаенини наречени Reflex, Pulsar и Fuse.
Колекцијата, исто така, е проширена со перници и ќебиња од познатиот дизајнер, кој притоа користел врвни материјали како волна, алпака, кашмир. Колекцијата е веќе во продажба, и може да се купи на webshop страницата на компанијата „Квадрат“.