Во центарот на главниот град, поточно на крајот или почетокот на улицата на јапонските цреши, отворено е ново место во кое ќе уживаат вистинските познавачи на сладолед и кафе.
Името на местото е „Радост“, и веројатно е тоа така бидејќи сите што се упатуваат натаму и сите што излегуваат од таму имаат нешто заедничко, огромна насмевка на нивното лице.
Во „Радост“ може да го испиете првото утринско италијанско кафе и да си одберете сладолед, со два вкуса, чоколадо или ванила, но збогатени со над 30 нијанси на неодоливи додатоци.
„Радост“ нуди сладолед за сите вкусови и најдоброто нешто е што вие одбирате каква комбинација на преливи, чоколатца, овошје и сладолед ќе вкусите.