Насловна / Вести / Радиоактивни диви свињи пронајдени во чешките шуми 31 година по катастрофата во Чернобил

Радиоактивни диви свињи пронајдени во чешките шуми 31 година по катастрофата во Чернобил

Радиоактивни диви свињи биле детектирани во шумите на Чешка, 31 година по несреќата во Чернобил, соопштија ветеринарните власти, додавајќи дека тие јадат печурки кои можат да апсорбираат високо ниво на радиоактивни изотопи.

Животните станале радиоактивни како последица на лажните тартуфи, подземни печурки со кои тие се хранат, рече Јиржи Драпал од чешката државна ветеринарна управа во интервју за Reuters.

Печурките се наоѓаат во планинскиот регион Шумава во Чешката Република, која се граничи со Австрија и Германија.radioactive-wild

Таа може да го апсорбира високото ниво на радиоактивни изотопи, вклучувајќи го и Цезиум-137, кого го имаше во големи количини по катастрофата во Чернобил во 1986 година.

Цезиум-137 има полуживот од 30 години, што значи тој губи половина од својата радиоактивност во овој период.

Кога свињи јадат радиоактивни печурки, тие стануваат радиоактивни. Месото од дива свиња е многу популарно во Чешка, па постои опасност радиоактивно месо да заврши на нечија трпеза.

„Можеме да очекуваме дека во наредните години ќе се појавува ваква храна“, рече Драпал, додавајќи дека сите меса треба да бидат проверени за радиоактивност.

Според податоците на Reuters, најмалку 614 диви свињи биле прегледани од 2014 до 2016 година, а 47 проценти од нив биле радиоактивни.

Катастрофата во Чернобил се случи на 26 април 1986 година, во реакторот број 4 на нуклеарната централа во Чернобил во Украина, која тогаш беше дел од Советскиот Сојуз. Како резултат на експлозијата и пожарот, огромен радиоактивен облак почна да се шири во атмосферата, опфаќајќи илјадници милји територија на Советскиот Сојуз и Европа.

 

Испрати коментар

Scroll To Top