Насловна / Вести / Радиоактивен одмор: Отворен хостел за туристи во контаминираната зона на Чернобил

Радиоактивен одмор: Отворен хостел за туристи во контаминираната зона на Чернобил

Cernobil i hostel

Украинската влада отвори хостел во контаминираната зона околу Чернобил. Отсега туристите кои го посетуваат местото на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, ќе можат тука и да преноќат. Хостелот има 50 кревети и сместен е во поранешен воен павилјон од советско време. Оддалечен е 15 километри од нуклеарниот реактор кој експлодираше во 1986 година. Првите гости веќе пристигнале од САД, Ноз Зеланд и Данска. Украинската влада планира да го зголеми капацитетот на хостелот на 102 кревети.

Cernobil brosuri turistickiОд 2011 година, украинската влада дозволува туристички посети на контаминираната зона. На местото на несреќата подигнат е бетонски саркофаг со цел да се спречи понатамошното ширење на радијацијата. Контаминираната зона и натаму се смета за ненаселива. Реакторот број 4 експлодирал за време на сигурносна проверка во 1.30 часот утрото на 26 април. Советските власти се обидуваа да го сокријат инцидентот од јавноста, но радиоактивноста беше забележана дури во Шведска.

CernobylWEL.COMe_

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top