Насловна / Арт и дизајн / Радикалната деценија на Дерен исполнета со инвентивност и смелост

Радикалната деценија на Дерен исполнета со инвентивност и смелост

Гоген во Гран пале, Монеовата колекција во Мармотан, Рубенс во музејот Луксембург, Андре Дерен во Бобур – се само дел од атрактивната зимска понуда во париските музеи, во кои, како и секогаш, редиците за влез се константно долги.P1030960
Текстот што следува се однесува на значајната изложба во Центарот Помпиду, која ни ја открива првата деценија (1904 – 1914) од работата на влијателниот француски сликар Андре Дерен (1880 – 1954), насловена како André Derain 1904 – 1914. La décennie radicale.P1030970
Уметноста на Андре Дерен не била во фокусот на големите монографски изложби уште од ретроспективата во 1994 година во Musée d’Art Moderne de la Ville de Paris – со други зборови, повеќе од дваесет години.
По неговата смрт во 1954 година, тој оставил зад себе богато, разновидно и парадоксално творештво, обележано со силни авторски искуства, но сепак длабоко под влијание на старите мајстори.P1030922
ВРАЌАЊЕ КОН РЕАЛИЗМОТ
Како таков, овој француски сликар одиграл клучна интелектуална улога во појавата на две големи авангардни движења во почетокот на 20 век: фовизмот и кубизмот. Во тоа време, во кое експериментирањето почнува да добива силна развојна улога во ликовната и визуелната уметност, Дерен кaко еден специфичен вид на самотник, барал враќање кон раниот реализам, најавувајќи ги фигуративните движења на магичниот реализам, почнувајќи од „Енгризмот“ на Пикасо до метафизичкото сликарство на Де Кирико и германската Нова објективност.P1030930
Изложбата се осврнува на работата на овој важен уметник од 20 век, следејќи ги различните фази од неговата кариера пред Првата светска војна, кога тој бил вклучен во најрадикалните авангардни движења. Некои од неговите највпечатливи дела беа собрани за изложбата: така, тука меѓу останатите дела што се презентирани е и неговото „Летно дело“ од 1905 година кое било насликано во Кољур; тука се серијата лондонски сцени, како и неговите алегориски платна во големи димензии кои како композиции се посветени на танцот и на капачки.
Изложени се седумдесет слики, бројни скулптури, цртежи… Кога станува збор за слики, неговите првични дела се морски пејсажи, рибарски чамци, капачки, мотиви од Лондон (како сликата „Биг Бен“), како и портрети („Г-ѓа Дерен во зелено“).
Творештво на Дерен од пред Првата светска војна е исполнето со голема инвентивност и смелост.
На оваа изложба може да се видат сите оние елементи што веќе се карактеризираат како суштински обележја на неговата уметност: специфичен однос кон реализмот, длабок интерес за таканаречената „примитивна“ уметност и потрагата по современиот класицизам.P1030940
Дерен, кој бил близок со Морис де Вламинк и Анри Матис, а потоа и со Жорж Брак и Пабло Пикасо, активно поврзувајќи ги и соочувајќи ги фовизмот и кубизмот, развил мошне автентично творештво уште веќе до Првата светска војна. Тој визуелно експериментирал на многу полиња, справувајќи се со сликарството, цртежот, резбарството, скулптурата, керамиката и филмот, а исто така, ја практикувал фотографијата низ текот на целиот свој живот, паралелно со неговото сликарство.P1030946
Изложбата е фокусирана на истражување на досега необјавени архивски материјали на Дерен – негови фотографии, колекции на принтови и репродукции на уметнички дела, списи и текстови како и кореспонденции – и за првпат фрла значително и поинакво светло на некои од неговите најважни дела преку силни визуелни контрапункти: фотографиите што тој ги фотографирал и неговите атипични уметнички референци како што се „Епинал“ гравурите, предметите на Маорите што тој ги копирал во Британскиот музеј во 1906 година, и африканските скулптури од неговата колекција. На изложбата се претставени околу седумдесет слики, голем број дела на хартија (акварели, цртежи, скици и гравури), скулптури и околу педесет фотографии на Маори, африкански скулптури и керамики.P1030927
Изложбата се отвора со раните дела на Дерен, кои биле многу закотвени во реалниот свет. Под влијание на неговото читање на Зола, како и од анархистичките кругови, во кои тој се движел со својот пријател Вламинк, Дерен ги сликал кафулињата, булеварите и борделите со една прониклива и сурова линија. Од самиот почеток, тој ја практикувал фотографијата што му служела како модел на одредени платна.
Исто така, во овие години, следејќи ја пејзажната традиција на импресионистите, тој заедно со Вламинк почнале да ја посетуваат истата страна на Сена, каде што сликале некогаш импресионистите, за да го сликаат прединдустриското предградие. Дерен бил фасциниран и од Ван Гог, па како и него, и тој ја фаворизирал употребата на светла и неизмешана боја.
ПРВА ДЕЦЕНИЈА
Таа прва деценија на која се однесува изложбата, во неговото творештво е клучна, бидејќи во 1904 година на Парискиот есенски салон се сретнал со делата на Сезан, кои врз него извршиле силно влијание и го обележале неговото подоцнежно творештво. Во текот на таа деценија, кога се создадени делата кои може да се видат на актуелната изложба во Бобур, Дерен запознал многу сликари и соработувал со нив (Пикасо, Брак, Матис) и поети чии лирски дела тој ги илустрирал (Аполинер, Јакобс, Бретон).P1030954

P1030942
Иако, тој имал силно истражувачко искуство во раниот развој на кубизмот, тој повеќе бил обземен од реализмот на свој начин, за разлика од својот пријател Пикасо кој докрај продолжил по својот пат на аналитичкиот кубизам.
Во тој период, Дерен ентузијастички бил инспириран како од детските цртежи, така и од таканаречените „ренесансни примитивци“ и од незападната уметност.
Во 1911 година, тој се свртел кон „неоархаичната“ стилизација инспирирана од Italian Primitives и од поетскиот универзум на Пол Клодел во хиератичките портрети и во сликите исполнети со мистериозни и симболично набиени сцени како што е Samedi.P1030953

P1030948
Постепено, Дерен се исклучувал себеси од кои било „доминантни“ случувања на уметничката сцена во тоа време. Неговото дело станувало „магично реалистично“, чудно и меланхолично.
Исто така, во овој период, тој ја открил и почнал да собира дела од таканаречената примитивна африканска уметност.
Во 1914 година, тој се преселил на Монмартр.
КОЛАБОРАЦИОНИСТ
Во текот на војната, а и подоцна, тој веќе бил познат во уметничките кругови во кои се движел. За рускиот балетски импресарио Сергеј Павлович Ѓагилев, тој работел на сценски уредувања во театарот. Во тоа време, тој станува многу меѓународно познат и неговите дела биле изложувани не само во Франција, туку и во Лондон, Берлин, Франкфурт, Дизелдорф, Њујорк и Синсинати.P1030952
За време на окупацијата на Франција во текот на Втората светска војна, тој живеел во Париз и како претставник на француската култура бил поддржуван од власта, а во 1941 година дури и патувал во Германија во организација на власта. По ослободувањето, за многумина тој бил сметан за колаборационист и по војната немал никакви изложби на своите дела. Умрел во департментот Горна Сена, во Париз.
Куратор на изложбата е Cécile Debray, конзерваторка и врвна познавачка на творештвото на Анри Матис, а од оваа година и директорка на Мusée de l’Orangerie во Париз.
Изложбата André Derain 1904 – 1914. La décennie radicale во Бобур трае до 29 јануари 2018 година.

P1030966

Испрати коментар

Scroll To Top