Динара Мирталипова е самоука илустраторка. Родена и израсната во Ташкент, Узбекистан, таа сега живее во снежниот Охајо. Динара студирала компјутерски науки на Државниот универзитет во Ташкент, но нејзината вистинска страст секогаш биле дезени и илустрации. Израсната во советско узбекистанска култура, Динара го населувала узбекистанскиот/рускиот фолклор кој сè уште има влијание врз нејзината работа.
Како експресивен омаж на своето традиционално наследство, Мирталипова во своите дела ги вклучува узбекистанските фолклорни мотиви, што евидентно може да се примети во нејзината најнова колекција рачно насликани велигденски јајца.
Користејќи фина четка за сликање, Митралипова разубавила дрвени и порцелански јајца со дизајни кои асоцираат на традиционалните занаети и обичаи на Узбекистан. Декоративните птици, украсните цвеќиња и стилизираните гранчиња со лисја што ја красат секоја елипсовидна фигура ја содржат нејзината карактеристична графичка естетика, со фасцинација од флората и фауната на нејзината татковина.
Колекцијата на велигденски јајца е создадена во живописна и во исто време едноставна палета на бои, која првенствено се состои од неколку нијанси на црвена и темно зелена, кои се совршен контраст на црната или белата основа.