Дизајнерите од американскиот бренд Poolside bags изработуваат торби за плажа од слама, а потоа ги украсуваат со шеговити натписи и стихови од хип-хоп музичари. Торбите се во природната боја на сламата со кафено кожни рачки или оние од дебело јаже во светли бои – жолта, црвена, розова, сина и зелена боја.
Натписите на торбите, како што се beach is better или woke up like this, исто така, доаѓаат во различни бои, а освен веќе постоечките пароли/стихови што се достапни во понудата на Poolside bags, можно е да се нарачат и персонализирани торби на коишто рачките и натписите се според желбите на клиентите.
Брендот изработил и ресорт колекција исклучиво за онлајн трговија Moda Operandi, а торбите освен таму можат да се набават и на официјалниот сајт Poolside bags, на кој може да се видат и некои други брендови кои се специјализирани за облека и додатоци за плажа.