Насловна / Архитектура / Работниците одбиваат да ја срушат иконата на бруталистичката архитектура на Сиднеј

Работниците одбиваат да ја срушат иконата на бруталистичката архитектура на Сиднеј

Граѓаните, сопствениците на становите, но и оние што треба да го спроведат уривањето, се здружиле во протестите за да се зачува зградата „Сириус“ во Сиднеј.

sirius-protesti-sidnej_05

Објектот „Сириус“ претставува икона на брутализмот на сиднејската архитектура од периодот на модерната во седумдесеттите години на 20 век. Изграден помеѓу 1978 и 1979 година, објектот е дело на архитектот Tao Gofers, а како што истакнале нејзините бранители, зградата „Сириус“ покрај тоа што е важен дел од историјата на архитектурата на Сиднеј, таа е еден од последните станбени комплекси во тој дел од градот.

sirius-protesti-sidnej_03

Споменатиот објект стана мета на уривање поради неговата локација, која нуди одличен поглед на Сиднејската опера.sirius-protesti-sidnej_04

Владата на Нов Јужен Велс во јули оваа година одлучила да ја избрише зградата од регистарот на заштитени објекти. Набргу потоа била донесена одлука за предлог за уривање на комплексот и правење простор за изградба на нови деловни објекти. Оваа одлука предизвикала гнев и тоа не само меѓу станарите на оваа зграда.sirius-protesti-sidnej_02

Најголемата австралиска унија за градежништво, шумарство, рударство и енергетика (CFMEU) им забрани на своите членови да ги користат булдожерите за уривање на зградата „Сириус“, пишува Quartz. Така, станарите и уривачите застанале на иста страна!sirius-protesti-sidnej_10 sirius-protesti-sidnej_06

И покрај масовната поддршка од граѓаните, станарите и љубителите на архитектурата, министерот за животна средина Mark Speakman истакнал, со убедување, дека зградата претставува „застарена архитектура“ и зазема многу важна локација.

Синдикатите на работниците во Сиднеј успевале досега да одбранат повеќе јавни простори и објекти кои се дел културното наследство, па тие и во овој случај се надеваат на победа. Оваа стратегија на дејствување во Австралија се нарекува green bans.sirius-protesti-sidnej_11 sirius-protesti-sidnej_08 sirius-protesti-sidnej_07 sirius-protesti-sidnej_01 sirius-protesti-sidnej

Испрати коментар

Scroll To Top