Насловна / Арт и дизајн / Работната маса на Вирџил Абло „Efflorescence“ на аукција

Работната маса на Вирџил Абло „Efflorescence“ на аукција

Аукциската куќа Sotheby’s ја стави на продажба необичната и шик работна маса „Efflorescence“ на Вирџил Абло.

1_resize

Дел е од колекцијата „Efflorescence“, која беше претставена во галеријата La Galerie kreo во Париз во 2019 година, масата е направена од бетон и има букви обоени со син спреј. Приходите од продажбата се наменети за новоформираната фондација Вирџил Абло, која има мисија сите креативни патишта да ги направи поинклузивни.

2_resize

Коментирајќи ја колекцијата „Eflorescence“, Абло изјавил: „За мене, дизајнот секогаш има инхерента идеја да биде мост од минатото, со поглед кон иднината.“ Со слична констатација  Sotheby’s наведува: „Делото, иако внимателно конструирано со заоблени агли и намерно нескладни празнини, изгледа како продолжение на урбаното ткиво на градот – магична манифестација на метрополски екосистем. Рачно насликаните графити кои поминуваат низ телото на делото, на кои пишува ‘ACID’ и ’20’ , сведочат за единствениот квалитет на објектот, кој Вирџил го користеше како архитектонско платно на кое го применуваше своето динамично и карактеристично пишување“.

Бирото „Efflorescence“ беше достапно на Sotheby’s The Now Evening Auction на 18 мај по проценета цена помеѓу 120.000 и 180.000 долари.

3_resize 4_resize

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top