Денеска Институтот за сточарство – Скопје организира работилница „Влијание на климатските промени“, а целта на настанот е актуелизирање на негативните ефекти од климатските промени врз домашните животни, зголемување на свеста на сточарските производители и промовирање адаптивни мерки на производство кон климатските промени.
Најавено е учество на професори од Факултетот, од Земјоделскиот институт, како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и од Управата за хидрометеоролошки работи.