Насловна / Вести / Работилница во Битола за сончеви панели и нивна примена во домаќинството

Работилница во Битола за сончеви панели и нивна примена во домаќинството

unavision

Утре (19 јули), во Градскиот парк во Битола (кај фонтаната), со почеток во 19 часот, ќе се одржи едночасовна работилница за енергетска ефикасност. Темата на работилницата е „Сончеви системи за производство на електрична енергија и нивната примена во домаќинства“, а присутните ќе имаат можност да слушнат за тоа како функционираат сончевите панели за производство на електрична енергија; какви видови на системи постојат; како да ги примениме во домаќинствата и економската исплативост на системите.

Работилницата ќе ја водат: Предраг Стојковски и Игор Мишевски.

unavision

Оваа работилница е вовед во проектот кој UnaVision мрежата ќе го реализира во периодот од 1 септември – 9 декември 2014, во Македонија (Скопје и Битола) и во Косово (Приштина). Така, од први септември до деветти декември оваа година, во Македонија и во Косово, UnaVision мрежата ќе организира таканаречена 100-дневна Лабораторија за креирање иновативни концепти за „Being Spaces” простори. Тоа ќе бидат простори за живеење, учење и работа за оние што се заинтересирани за одржливи начини на живот; ќе претставуваат разиграни заедници, инкубатори за еко-социјално претприемништво и ќе бидат место за водење заеднички кооперативи, со простори за работа, креативност и култура, со пермакултурни градини, вегетаријански ресторани, објекти за сместување и здравствени и образовни центри. Концептите и резултатите ќе бидат презентирани пред јавноста на Форумот за одржливост, кој ќе се одржи на почетокот на декември 2014 година во Скопје. За време на фазата на имплементација, се очекува да се креираат неколку различни еко-социјални проекти и да се започне со формирање на првата одржлива заедница во Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top