Насловна / Вести / Работилница за регистарот на загадувачи во Македонија

Работилница за регистарот на загадувачи во Македонија

zagaduvaci

Во Штип се одржa првата од трите работилници што ги организира Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ за регистарот на загадувачи во Република Македонија.

Целта е да се изврши обука на претставниците од инустријата од источниот дел на државата за спроведување на UNECE Протоколот за регистри на загадувачи и пренос на загадувачки материи, како и за обврските за известување коишто произлегуваат од националното законодавство.

Согласно законот, секој голем загадувач кој врши дејност на територијата на Македонија има обврска да ги објавува податоците за видот и обемот на загадувањето или транспортот на опасниот отпад, а надлежното Министерство треба да ги објавува јавно тие податоци.

Работилницата е дел од проектот „Право да знаеш – веднаш“ што е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top