Културниот центар „Кула“ отвора повик за учество на работилница за Land Art.
Повикот е отворен за сите заинтересирани кои би сакале својата креативност да ја изразат во природа.
За потребите на оваа работилница „Кула“ накратко ќе се пресели на падините на Китка.
Работилницата ќе започне во „Кула“ на 11 јуни (четврток) од 18 до 20 часот, а активностите на Китка ќе се одвиваат на 13 и 14 јуни (сабота и недела).
Ментори на оваа работилница се Марко Јанев, Филип Векловски и Никола Анѓеловски, а координатор е Маја Стојковска. Рокот за пријавување на работилницата е најдоцна до 9 јуни, а превозот, сместувањето и оброците во текот на двата дена се обезбедени од страна на „Кула“.
По завршувањето на работилницата во „Кула“ ќе се одржи изложба со фотографии и видеа со делата создадени за време на работилницата.