„Подготовки за краткорочни акциски планови за заштита на амбиентниот воздух“ е насловот на темата од TAIEX работилница која денес и утре ќе се оддржи во Скопје.
Работилницата има за цел да проговори за јакнење на капацитетите на локално ниво за имплементација на Директивата 2008/50/ЕС на Европскиот парламент и Советот на Европа во однос на подготовка и имплементација на краткорочните акциски планови за заштита на квалитетот на воздухот.
Работилницата ќе ја отвори Абдилаќим Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање.