Најновите иновативни техники и методи за примена на енергетска ефикасност во домовите беа во фокусот на работилницата за претставниците на медиумите што се одржа во рамки на Платформата за енергетска ефикасност во Охрид викендов. Целта на работилницата е поголема едукација на јавноста за потенцијалите од примена на енергетската ефикасност и придобивките за подобрување на квалитетот на живот.
Работилницата за енергетска ефикасност во домовите е дел од Платформата за енергетска ефикасност која ја организираат ЕВН Македонија, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика.
– Промена на нашите секојдневни навики е всушност прв, но најзначаен чекор кон примена на енергетската ефикасност. Токму затоа, нашите активности во рамките на оваа Платформа се фокусирани на заштеда на енергија преку активности кои зависат во голема мера од нас. Енергетската наука посветува големо внимание на ова прашање, па активностите на овој план и во Македонија се клучни за обезбедување енергетска стабилност, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
За новите трендови во енергетската ефикасност и нејзината примена во секојдневниот живот, на работилницата зборуваа експерти од различни области.
Платформата за енергетска ефикасност, ЕВН Македонија со своите партнери ја започна во 2012 година, а во нејзини рамки се одржаа низа едукативни активности за граѓаните, компаниите и за студентите. Платформата доби национална награда за општествена одговорност и позитивно беше оценета во Извештајот на Европската Комисија за Македонија. Едукативниот серијал „Енергетска математика“, кој е фокусиран на примена на енергетската ефикасност во домовите и заштедите што ги нуди е исто така дел од ова платформа.
Pocituvani Prosto neverojatno Kapitalisticka firma sto saka da go namali obrtot na sredstvata a so toa i dobivkata,togas nema da ima proektiran rast i se drugo po red kako ide nadolu,a ostoi i druga strana se namaluva potrosuvackata a se kacuva cenata,razlikata e ekstra profitot zacrtan.
So Pocit