Насловна / Вести / Работилница за еко дизајн: Up-Cycling Workshop

Работилница за еко дизајн: Up-Cycling Workshop

rabotilnica eko izlozba_3

На Факултетот за архитектура на МИТ Универзитет од 7 до 9 мај се одржа меѓународна работилница со наслов UP-CYCLING WORKSHOP. Работилницата ја организираше Факултетот за архитектура во соработка со шпанската фирма „Трансфодизајн“ чиј основач е м-р Нада Тозија Узал. На овој настан во рамките на четири дена учесниците имаа можност да се запознаат со процесот на апциклирање, пренамена на градежниот отпад во дизајнерски парчиња мебел и концептуално да ја развијат и разберат суштината на овој процес.

rabotilnica eko izlozba_2

Цел на оваа работилница беше активација, развивање на креативноста и едукација на учесниците во врска со рециклирањето и трансформацијата на отпад во корисни предмети. Учесниците имаа можност да ги истражуваат карактеристиките (позитивните и негативните страни) на градежните материјали, да користат алати и да научат техники на обработка на материјалите. Алатот и стручниот кадар го обезбедија градежните фирми „ Жикол“ и „Аршин“.rabotilnica eko izlozba_7
На 9 мај беше отворена завршна изложба, а поставката на изработените предмети е изложена во просториите на МИТ Универзитет и ќе трае до 19 мај.
Наталија Пулејкова Радеска, доцент на МИТ Факултетот за архитектура, изјави: „Самиот настан разработи интересна и актуелна тема и прикажа еден нов пристап како да го промовираме еко-дизајнот и истовремено да ја развиеме креативноста. Позитивно бев изненадена од ентузијазмот за истражување и иновативните идеи кај сите учесници. Работилницата Up-cycling успеа да го разбуди имагинативниот стадиум за творење и да ја развие еколошката свест која резултираше со успешни и оригинални реализации“.rabotilnica eko izlozba_4 rabotilnica eko izlozba_1 rabotilnica eko izlozba_6 rabotilnica eko izlozba_5
Со позитивни размислувања се изјасни и Радмила Томовска, асистент на истиот факултет: „Посебно сум задоволна и позитивно изненадена од заинтересираноста на сите учесници за оваа работилница. Освен нашите студенти се пријавија и други учесници и сите заедно работеа и беа крајно мотивирани да продуцираат што поуспешно парче мебел или предмет за декорација. Пред почетокот на работилницата за мене успех претставуваше доколку учесниците успеат да иницираат идеи и развијат издржан концепт, додека пак за реализација на идеите сметав дека учесниците нема да имаат доволно време или пак нема да можат технички да ги изведат“.

Испрати коментар

Scroll To Top