Членовите на организацијата Nuevo South од јужниот дел на Лос Анџелес одлучија да создадат мирен и сигурен простор наменет за децата во еден од најопасните делови во градот. За таа цел, избрана е куќа која што функционирала како работилница и е стара околу 100 години. Со нејзино реновирање што подрзабира промена на мебелот и префарбување на просториите се добива совршен простор за деца во кој што тие може да престојуваат. Основна идеја на организацијата е да ги отргне децата од уличните опасности и да ги вклучи во простор каде што се одвива меѓусебна социјализација, креативни активности како што се дизајн, фотографија, итн.