Насловна / Вести / Работилница „Развивање на сценарија за ублажување на климатските промени“

Работилница „Развивање на сценарија за ублажување на климатските промени“

climate_change_encyclopaedia
Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска се одржа работилница „Развивање на сценарија за ублажување на климатските промени“.

Работилницата, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, има за цел да ги зајакне националните капацитети за развивање сценарија за ублажување на климатските промени преку презентација на една од алатките за нивна изработка.

– Преку дискусија со релевантните чинители во секторите кои се обработуваат: енергетика, енергетска ефикасност, транспорт, отпад и земјоделство се разгледаа влезните податоци, претпоставките, ограничувањата и резултатите, како и нивната усогласеност според последните развојни планови  и секторски политики, стои во соопштението од МЗШВ.

Овие ревидирани сценарија, како што се наведува, ќе бидат основа за идните преговори за можни обврски на државата кон Конвенцијата за климатски промени, но и за членство во Европската Унија во делот за климатски промени.

Работилницата е дел од националните напори да се задоволат побарувањата на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ) за обезбедување континуирани податоци за емисии на стакленички гасови до 2010 година за сите земји потписнички.

 

Испрати коментар

Scroll To Top